За нас

„Фронт 21/42“ е непрофитна, невладина, еколошка организација, регистрирана како Граѓанско здружение во јануари 2005 година.

Организацијата се роди во декември 2004 година, во едно студено утро, по долга и инспиративна дискусија на тема какво ни е општеството и какво би сакале да биде, во моментот кога сфативме дека НИЕ МОЖЕМЕ ДА НАПРАВИМЕ НЕШТО ВО ВРСКА СО ТОА! Од јануари 2005 година отворивме ФРОНТ за борба против деструкцијата брз природата, на географските координати 21 и 42, планетарната адреса на Скопје.

Главната мисија на „Фронт 21/42“ е хармонизација на општеството со природата. 

Целите на „Фронт 21/42“ се:

  • Заштита и унапредување на животната средина и одржлив развој;
  • Транспонирање и спроведување на меѓународното законодавство и легислативата на ЕУ во областа на животната средина во РМ;
  • Поттикнување и унапредување на еколошката демократија;
  • Еколошка едукација и подигнување на еколошката свест;
  • Промоција на светските еколошки трендови во Македонија;
  • Поврзување и делување со организации, здруженија и поединци кои имаат слични цели.

„Фронт 21/42“ ги остварува целите преку следните активности:

  • спроведување на кампањи, конкретни акции и информирање на јавноста;
  • учество во креирање политики и донесување одлуки поврзани со животната средина;
  • набљудување на донесување и спроведување на политики, програми, одлуки и други акти од областа на животната средина;
  • правна помош од областа на еколошкото право;
  • изготвување на анализи, студии и научни трудови од областа на животната средина;
  • организирање на обуки и други форми на едукација.

 

„Фронт 21/42“ членува во повеќе мрежи и партнерства:

на национално ниво ја инициравме и ја координираме првата Македонска  НВО мрежа за борба против климатските промени „Заедно за Климата која брои 23 организации; ја инициравме и ја координираме Коалицијата „Екологијата – Приоритет“ која брои над 10 еколошки граѓански здруженија; членки сме на координативното тело меѓу граѓанскиот сектор и Министерството за животна средина, неформалното Зелено партнерство во кое учествуваат сите активно еколошки организации од Македонија, Коалицијата НАТУРА2000, ИПА -граѓанскиот механизам, како и други во голем број работни групи;

на регионално ниво членуваме во Југоисточно – Европска Мрежа за Енергија и Транспорт (SouthEast Erope Network for Energy and Transport SEE NET), која претставува мрежа на еколошки организации од Југоисточна Европа чија цел се одржлива енергија и транспорт. Фронт 21/42 е еден од иницијаторите на оваа мрежа (која се формираше токму на конференција во Скопје, во наша организација) и е член на координативното тело на мрежата;

на меѓународно ниво „Фронт 21/42“ е членка на „Justice and Environment“, европска мрежа на еколошко правни организации и Партнер организација за Македонија на „International Friends of Nature“ со седиште во Виена, членки сме во „INFORSE” меѓународна НВО мрежа за одржлива енергија со седиште во Данска; ја претставуваме Македонија во Low Carbon Societies мрежа на организации и научни институции чија цел е изработка  на сценарија за 100% обновлива енергија во Европа до 2050 година

Извршен директор г-а. Искра Стојковска
Претседател на управен одбор г-а. Дороти Пачкова

Статут

Годишен финансиски извештај 2011

Годишен финансиски извештај 2012

Годишен финансиски извештај 2013

Годишен финансиски извештај 2014

Годишен финансиски извештај 2015

 

Контакт

Канцеларии:
Климент Охридски бр.54-2/2
1000 Скопје
Р. Македонија
тел/факс: +38923122546
contact@front.org.mk

Седиште:
Бранислав Нушиќ Бр.8-5/9
1000 Скопје
Р. Македонија

 

Еколошко здружение на граѓани